Достапни линкови

ИД киднапира и продава девојчиња за кутија цигари


Девојчиња грабнати од милитанти на Исламската држава во Ирак и Сирија се продавале на пазарите за робови за кутија цигари, изјави пратеникот на Обединетите нации за сексуално насилство Заинаб Бангура по посетата на овие земји во април годинава. Светската организација подготвува акционен план за справување со сексуалното насилство од страна на милитантите. Киднапирањето девојчиња стана клучен дел од стратегијата на Исламската држава во регрутирањето странски борци. Во изминативе 18 месеци е забележан зголемен број на луѓе кои доаѓаат во Сирија и Ирак.

XS
SM
MD
LG