Достапни линкови

logo-print

Обама: Путин ја уништува руската економија за „слава“


Американскиот претседател Барак Обама го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека ја уништува руската економија во залуден обид да ја обнови славата на советската империја. Во едно од најострите обраќања Обама, во Баварија каде што учествуваше на самитот на Групата седум индустријализирани земји, изјави дека русите страдаат поради Путин. Тој не беше присутен на самитот на економските сили по руската анексија на Крим во минатата година. „Руските сили продолжуваат да оперираат во источна Украина, нарушувајќи го нејзиниот суверенитет и територијален интегритет“, рече Обама. Според него, Русија сега се наоѓа во длабока рецесија, а Путин е тој што треба да донесе одлука по кој пат ќе тргне.

XS
SM
MD
LG