Достапни линкови

Борби во близина на украинскиот град Марјинка


Портпаролот на украинската војска Андриј Лисенко

Портпаролот на украинската војска Андриј Лисенко

Портпаролот на украинската војска Андриј Лисенко изјави денеска дека имало борби во близина на градот Маријнка, кој се наоѓа на 30 километри западно од Доњецк. Според него, проруските бунтовници отвориле оган кон владините позиции. Претставникот за одбрана на бунтовниците, Едуард Басурин ја негираше информацијата.

Украинската војска, како што наведе Лисенко била принудена да користи оружје, кое било повлечено од борбената линија поради договорот за примирје потпишан во Минск, Белорусија. Мисијата на ОБСЕ во Украина предупреди дека прекршувањето на примирјето се случува се почесто.

XS
SM
MD
LG