Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ-Со СДСМ раководи СОРОС


ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на претседателот на СДСМ Зоран Заев реагираат дека денеска тој потврдил оти не е претсeдател на партијата. Според ВМРО, се потврдило и дека СДСМ ја раководи фондацијата СОРОС. Неслучајно Заев, како што се наведува во реакцијата, ги набројал невладините организации кои работат за СОРОС, но и директно за СДСМ, па подоцна врз база на едно договорено сценарио, истите тие треба да излезат и да го потврдат тоа што тој го говорел и да се прикaжуваат за жртви.

Од партијата наведуваат дека граѓаните ја гледаат целта на Заев, а тоа е да ја наруши стабилноста на Македонија, да ги наруши мирот и меѓуетничките односи и да предизвика штетни економски последици од неговото политичко дејствување.

XS
SM
MD
LG