Достапни линкови

logo-print

Г7 подготвени за заострени санкции врз Русија


Лидерите на земјите членки на Г7.

Лидерите на земјите членки на Г7.

Лидерите на земјите членки на Г7 ја предупредија Русија дека се подготвени да ги заострат санкциите врз земјата поради нејзината улога во конфликтот во источна Украина. Лидерите на Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД го упатија предупредувањето во заедничко соопштение на крајот од дводневниот самит во Германија. Според соопштението, траењето на санкциите е поврзано со волјата на Русија целосно да го имплементира договореното од примирјето во Минск и од тоа дали ќе го почитува суверенитетот на Украина.

XS
SM
MD
LG