Достапни линкови

Заниер-Сите политички партии да останат вклучени


Georgia -- OSCE Secretary-General Lamberto Zannier speaks during a news conference in Tbilisi, March 9, 2015

Georgia -- OSCE Secretary-General Lamberto Zannier speaks during a news conference in Tbilisi, March 9, 2015

Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер и еврокомесарот Јоханес Хан оствариле средба на 6 јуни на која ја разгледале ситуацијата во Македонија и разговарале за наредните чекори кои се потребни за брзо надминување на моменталните политички тензии. Заниер му се заблагодарил на Хан за неговата улога во партискиот дијалог со посредство на ЕУ и истакнал дека е од критично значење сите политички партии да останат вклучени и посветени на отворениот дијалог на конструктивен и транспарентен начин. Тој изразил надеж дека на следната средба во Брисел в среда политичките партии ќе пронајдат решение за другите прашања.

Заниер и Хан се согласиле за одржувањето предвремени избори до април наредната година кои ќе бидат чекор напред кон нормализација на ситуацијата. Според Заниер, слободните и фер избори се од витално значење за јакнење на демократскиот процес во земјата. Тој изрази и очекување дека ОБСЕ/ОДИХР повторно ќе се вклучи во набљудувањето на изборите, особено во ова критично време.

Во конечниот извештај за набљудување на парламентарните избори како што наведе Заниер, ОДИХР посочил на голем број на недостатоци. Тој притоа ја подвлече и потребата надлежните институции целосно и итно да ги имплементираат препораките на ОДИХР за изборниот процес. Според него, политичките лидери на средбата на 2 јуни покажале волја за решавање на отворените прашања и ги охрабрува да постигнат договор за надминување на актуелната криза.

XS
SM
MD
LG