Достапни линкови

logo-print

Убиени 49 цивили во напади во Сирија


Сириската организација за човекови права соопшти дека во владините воздушни напади врз северозападната покраина Идлиб загинале 49 луѓе. Според организацијата, меѓу жртвите има шест деца и четири жени. Најголемиот дел од покраината е под контрола на бунтовниците, меѓу кои има припадници и на огранокот на Ал Кадеа, фронтот Ал Нусра. Бројката на цивили кои загинале за време на воздушните напади во Сирија сега изнесува 148 луѓе.

XS
SM
MD
LG