Достапни линкови

Заев: Груевски со години прислушувал граѓански организации


Во Македонија со години таргет на тајните служби на Никола Груевски и Сашо Мијалков се најмалку 10 активни граѓански организации, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес конференција. Тој истакна дека тоа се организации за кои има комплетирано материјали, но оти нивниот број е многу поголем ако се има предвид дека дел од нив се прислушувани индиректно. Заев рече дека со комплетирањето на материјалите за нови организации, тие ќе ги информираат и ќе ги повикаат да си ги подигнат во седиштето на СДСМ.

Преку следењето и прислушувањето на еден од најчувствителните сектори, граѓанскиот, Груевски ги загрозува основните граѓански и човекови права, додаде тој. Со следење на сите оние што се критички настроени спрема владата, Груевски и неговите помошници го држеле под контрола општеството и ја обезбедувале моќта и власта. Никакви реформи не го одржале Груевски на власт, тој ја обезбедил власта со незапамтениот во светски рамки, огромен скандал со прислушувањето, нагласи Заев на денешната прес конференција.

XS
SM
MD
LG