Достапни линкови

Лавров-Украина го ескалира конфликтот


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го обвини Киев дека се обидува да го ескалира конфликтот во источна Украина пред одржувањето на Самитот на Г7. Според него, тоа е еден вид на џокер во рацете на украинските власти, односно тие ќе ја прекинат имплементацијата на договореното од примирјето во Минск, а ќе плати Русија, бидејќи никој нема да ги повлече санкциите врз земјата.

На првиот ден од самитот на Г7 во Германија, американските и германските лидери изјавија дека санкциите врз Русија ќе останат се додека не се имплементира примирјето со цел да се стави крај на борбите во источна Украина.

XS
SM
MD
LG