Достапни линкови

logo-print

Коцијанчич-Сите лидери да бидат присутни на средбата


Еврокомесарот Јоханес Хан

Еврокомесарот Јоханес Хан

Портпаролката на еврокомесарот Јоханес Хан, Маја Коцијанчич изјави денеска дека очекуваат сите политичките лидери од Македонија да учествуваат на средбата со Хан закажана в среда во Брисел како одговор на прашањето дали претседателот на СДСМ, Зоран Заев го потврдил своето присуство. Според Коцијанчич, еврокомесарот бил јасен оти за некои прашања веќе се разговарало и постои согласност, а за другите ќе стане збор на претстојната средба. Таа додаде и дека веруваат оти решението за политичката криза во земјата е од особена важност, а ЕУ помага за таа цел да биде постигната.

XS
SM
MD
LG