Достапни линкови

ЕУ-Брзо формирање нов Парламент и Влада во Турција


Прославата по соопштувањето на резултатите во Турција.

Прославата по соопштувањето на резултатите во Турција.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан соопштија дека излезноста од 86 проценти на вчерашните избори во Турција ја покажува моќта на демократијата во земјата. Според нив, фактот дека сите големи турски патии ќе бидат застапени во новиот состав на парламентот е особено важно.

Могерини и Хан очекуваат брзо формирање на нов Парламент и на нова Влада, а претстојниот период, како што наведуваат ќе биде можност за продлабочување на односите меѓу ЕУ и Турција.

XS
SM
MD
LG