Достапни линкови

ФИФА: Русија и Катар би можело да не бидат домаќини на СП


Шефот на Комисијата на ФИФА за ревизија и жалби Доменико Скала изјави дека Русија и Катар би можело да го загубат нивното право да бидат домаќини на светските првенства во фудбал доколку се докажат наводите за корупција. Тоа е прв официјален претставник на Светската фудбалска федерација кој ја спомна ваквата можност. Сепак, како што изјави, досега не биле понудени такви докази. Швајцарската полиција на 27 мај уапси седуммина претставници на ФИФА врз основа на обвинувања за корупција покренати во Соединетите држави. На 2 јуни претседателот на ФИФА Сеп Блатер соопшти дека поради корупцискиот скандал ќе поднесе оставка на функцијата.

XS
SM
MD
LG