Достапни линкови

logo-print

На Медитеранот спасени околу 6 илјади бегалци


Италија соопшти дека во изминативе 48 часа од водите на Медитеранот биле спасени скоро 6 илјади бегалци кои се обидувале да го преминат морето. Бегалците биле извлечени во 30 акции изведени од спасувачки тимови од Италија, Германија, Британија и од други европски земји. Најголем број од бегалците биле спасени на околу 80 километри од брегот на Либија. Обединетите нации проценуваат дека од почетокот на годинава во обидот на бегалците да стигнат преку Медитеранот во Европа се удавиле над илјада и осумстотини луѓе.

XS
SM
MD
LG