Достапни линкови

Обама и Меркел: мора да останат санкциите против Русија


Белата куќа соопшти дека претседателот Барак Обама и германскиот канцелар Ангела Меркел се согласиле дека економските санкции против Русија би морало да останат во сила се додека целосно не биде спроведен мировниот договор од Минск и додека Москва не почне да го почитува суверенитетот на Украина. Двајцата лидери се состанаа пред годишниот самит на Групата седум индустријализирани земји што се одржува во јужна Германија. Меркел изрази уверување дека од самитот ќе произлезе обединет став во врска со украинската криза.

XS
SM
MD
LG