Достапни линкови

Партијата на Ердоган без мнозинството во парламентот


Резултатите од парламентарните избори во Турција покажуваат дека владејачката Партија на правдата и развојот на претседателот Реџеп Таип Ердоган го загуби апсолутното мнозинство и нема да може сама да формира влада. По пребројувањето на скоро сите гласови произлезе дека оваа партија добила над 40 насто, што е за без малку десет насто помалку од довербата што ја доби на претходните парламентарни избори во 2011 година. Партијата на правдата и развојот која е на власт од 2002 година ќе има 258 од 550 места во парламентот. За апсолутно мнозинство се неопходни 274 пратеници. Ваквите резултати се своевиден пораз за претседателот Ердоган кој се надеваше дека ќе добие доволно доверба за да го смени Уставот и да ја зајакне претседателската функција.

XS
SM
MD
LG