Достапни линкови

Украински брод удри во мина кај Мариупол


Мал брод на украинската крајбрежна стража удри во мина во близина на брегот на источниот крејбрежен град Мариупол, предизвикувајќи експлозија при што се повредени шест службеници на крајбрежната стража. Државната гранична полиција на Украина соопшти дека шест полицајци на крајбрежната стража се хоспитализирани, но не го открива степенот на нивните повреди. Нема понатамошни детали кои се достапни. Мариупол е жариште во конфликтот во источна Украина меѓу украинските сили и проруските сепаратисти. Градот се наоѓа на брегот на Азовското Море на клучниот пат кој ги поврзува деловите од источна Украина контролирани од бунтовниците и Крим кој беше анектиран од Русија во март 2014 година.

XS
SM
MD
LG