Достапни линкови

Митинг на Навални во Сибир


Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални го посети најголемиот град во Сибир да ги повика гласачите да учествуваат во прелиминарните избори со кои ќе се одлучи кои опозициски кандидати ќе учествуваат на регионалните избори. Според АП, митингот на Навални во Новосибирск привлекол неколку стотици луѓе, вклучително и хулигани демонстранти кои извикувале „злоупотреба“ и го обвиниле дека е шпион на САД. Од 2012 година, на Навални не му е дозволено да ја напушти Москва поради испитувања за обвинение за корупција. Иако беше осуден во два случаи, тој избегна затвор. Во еден од случаите, неговиот брат беше пратен во затвор. Внатрепартиските избори треба да се одржат на 14 и 15 јуни за да се изберат кандидати за изборите во септември во неколку руски региони. Навални на митингот рече: „Јас сум тука да ве убедам да го ставите вашата доверба во демократијата“.

XS
SM
MD
LG