Достапни линкови

Делегација на ЕУ спречена да разговара со медиумите во Иран


Иран наводно блокирал делегација на Европската унија да разговара со медиумите. Во извештаите се вели дека ирански припадници за безбедност денеска во Техеран ја запреле делегацијата на Европскиот Парламент да зборува со странски медиум. Делегацијата предводена Елмар Брок од Германија планирала да одржи прес-конференција во нивниот хотел на крајот на дводневната посета. Меѓутоа, безбедносните претставници во хотелот наводно не дозволите да се одржи прес-конференцијата, велејќи дека тоа однапред не било договорено со хотелот. Брок исто така бли спречен да разговара со новинарите надвор од хотелот, а новинарите биле принудени да заминат. Брок во знак на протест го откажал планираното интервју со државната Прес ТВ. АПФ го цитараше Брок како вели дека; „тоа остава лош впечаток, но со овој несреќен инцидент не сакам да ја расипам посетата“. Делегацијата се сретна со високи ирански политичари, вклучително спикерот во Парламентот Али Ларијани и иранскиот потпретседател Масумех Ебтекар.

XS
SM
MD
LG