Достапни линкови

Јункер: Атина не достави листа на реформи


Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави дека излегување на Грција од еврозоната не е опција, но додаде дека тоа не значи оти тој може да „извади зајак од шапката“ за да спречи нешто такво. На прес-онференција пред почетокот на Самитот на Г7 во германското место Крин, Јункер ја обвини Атина дека не доставила листа на реформи, како алтернатива на предлозите на кредиторите, кои грчкиот премиер Алексис Ципрас во петокот ги оцени како „апсурдни“.

„Алексис Ципрас, кој е мој пријател, вети дека до четрток вечерта ќе достави друг, алтернативен предлог. Јас никогаш не добив таков алтернативен предлог“, рече Јункер. Првиот човек на Еврокомисијата нагласи дека е разочаран од Ципрас, додавајќи дека иако го смета за пријател тој сепак ќе „мора да почитува одреден минимум правила за да останат пријатели“.

XS
SM
MD
LG