Достапни линкови

Казна затвор и удари со камшик за саудиски блогер


Врховниот суд на Саудиска Арабија денеска ја потврди пресудата од 10 години затвор и 1000 удари со камшик против блогерот Раиф Бадави, кој беше прогласен за виновен за навреда на исламот. Бадави беше осуден минатата година и на 9 јануари ги доби првите 50 удари со камшик, пред џамија во градот Џеда. Останатите удари беа прекинати поради здравствени причини. Сопругата на Бадави стравува оти спроведувањато на казната со камшикувањето може да биде продолжена следната недела. Одлуката на Врховниот суд е конечна и може да биде поништена само со краското помилување. Бадави кој е ко-основач на Саудиската либерална мрежа и интернет група за дискусија, беше уапсен во јуни 2012 година. Веб страницата беше затворена откако тие ја критикувале „озлогласената верска политика на кралството“. Случајот Бадави предизвика меѓународна осуда.

XS
SM
MD
LG