Достапни линкови

Расте бројот на загинати и повредени во Сана


Јеменските здравствени официјални лица велат дека најмалку 44 луѓе се загинати, вклучително и цивили, при серијата воздушни напади кои денеска ги изврши коалицијата предводена од Саудиска Арабија. Коалицијата го таргетираше седиштето на вооружените сили во главниот град на Јемен, Сана кој е под контрола на Хути бунтовниците.

Повеќе од 100 луѓе се повредени, вклучително жени и деца, информираше новинската агенција Саба. Јеменските власти соопштија дека ударите предизвикале големи оштетувања на воениот објект, а оштетени се и неколку станбени згради во близината.

Нападите доаѓаат откако бунтовниците Хути и нивните армиски сојузници вчера испалија проектил „Скад“ во Саудиска Арабија, за кој кралството соопшти дека го собориле. Колацијата на 26 март започна со воздушните напади против шиитските бунтовници поддржани од Иран, познати како Хути и нивните сојузници во воените и безбедносните сили. Бунтовниците ја преземаа Сана во сепември 2014 година, а подоцна преземаа и голем дел северен Јемен и во март напреднаа кон југот на земјата.

XS
SM
MD
LG