Достапни линкови

Иванов на Самитот на претседатели во Будва


Македонскиот претседател Ѓорге Иванов од денеска ќе учествува на Самитот на претседатели на процесот Брдо – Бриони кој се одржува во Будва. Проширувањето на Европската унија, инфраструктурните проекти и енергетската безбедност се дел од клучните теми на годинешниот состанок на лидерите на „Брдо-Бриони процесот“. Предвидено е претседателот Иванов да учествува на работната вечера на земјите членки на „Брдо-Бриони Процесот“, да има обраќање на пленарната сесија на Самитот и да оствари средби со неколку претседатели од регионот. На состанокот ќе учествуваат и претседателите на Црна Гора, Филип Вујановиќ, на Австрија, Хајнц Фишер, наХрватска, Колинда Грабар – Китаровиќ, на Словенија, Борут Пахор, на Србија, Томислав Николиќ, на Албанија Бујар Нишани, на Косово,Атифете Јахјага, како и претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина,Младен Иваниќ.

XS
SM
MD
LG