Достапни линкови

Украинската криза ќе доминира на самитот на Г7


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска на баварските Алпи во Грерманија ќе го отвори дводневниот самит на Групата седум (Г7) лидери на водечките индустриски економии во светот. На средбата се очекува да доминираат дискусиите за одговорот на Западот за разгореното насилство во источна Украина. Русија минатата година беше исклучена од групата претходно позната како Г8, откако Москва го анектираше Крим од Украина. Исто така високо на агендата се должничката криза во Грција, глобалната економија и тероризмот. Американскиот претседател Барак Обама рано утринава пристигна во јужна Германија. Се очекува Меркел и Обама да одржат средба пред да им се придружат на лидерите на Британија, Франција, Италија, Канада и Јапонија. Во пресрет на самитот, илјадници демонстранти се собраа во градот Гармиш-Партенкирхен, предизвикувајќи судири со полицијата. Неколку повредени лица биле однесени во болница.

XS
SM
MD
LG