Достапни линкови

Интензивни борби во Авганистан


Авганистанските власти велат дека „интензивни борби“ се во тек во североисточен Авганистан, како и дека владините сили се обиделе повторно да ја преземат областа што во моментов е под контрола на талибанските милитанти. Гувернерот на провинцијата Бадакшан, Шах Валиула Адеб денеска изјави оти повеќе од 10 милитанти и четири припадници на безбедносните сили биле убиени во судирите, во околината на областа Јамган во Бадакшан. Адеб рече дека на безбедносните сили во Јамган им биле испратени засилувања поддржани од авиони. Провинциските власти велат дека странски бунтовници се борат заедно со Талибанците во Јамган, а Талибанците потврдија дека нивни борци се заробени во центарот на областа. Талибанците кратко го преземаа Јамган пролетта 2014 година, но владините сили ја повратија областа по дводневен судир. Авганистанскте бебедносни сили сега се борат без поддршка на меѓународните сили, кои минатата година ја завршија нивната мисија во земјата.

XS
SM
MD
LG