Достапни линкови

logo-print

Израел изврши воздушни напади врз Појасот Газа


Израелската војска соопшти дека денеска извршила воздушен напад врз Појасот Газа, како одговор на ракета истрелана од територијата под контрола на Хамас што го погодила јужен Израел. Во армиската изјава се вели дека воздушните напади имале цел „терористичка инфраструктура во северниот дел на појасот Газа и оти ударите биле потврдени“. Нема информации за жртви од Газа по воздушните напади, кој се случија веднаш откако бил извршен трет ракетен напад од Газа во изминатите две недели. Локална џихадистичка организација која ја поддржува групата на Исламската држава ја презема одговорноста за ракетните напади. Групата соопшти дека ракетите биле истрелани во знак на солидарност со палестинските затвореници држени во израелските затвори и нивните членови затворени во затворите во Газа што ги контролира Хамас. Израел денеска соопшти дека неговите гранични премини со Газа ќе бидат затворени како одговор на овој инцидент.

XS
SM
MD
LG