Достапни линкови

Борби во источна Украина


Украинската армија соопшти дека еден припадник на армиските сили е убиен, а 10 се повредени како резултат на борбите во источните сепаратистички територии во изминатите 24 часа. Портпаролот на армијата Андриј Лушенко на денешниот брифинг соопшти оти области на северозападот на Доњецк што ги контролираат сепаратистите се едни меѓу првите кои се погодени од артилеријата на проруските бунтовници во текот на ноќта. Двете страни се обвинија меѓусебно за употреба на тешко оружје, кое беше забрането со потпишувањето на договорот за прекин на огнот пред четири месеци. Сепаратистите рекоа дека украинските сили со артилерија го бомбардирале Доњецк во текот на ноќта. „Звукот на тешкото оружје можеше да се слушне речиси во сите области на Доњецк“, се вели во соопштението на градската администрација што го објави сепаратистичката новинска агенција ДАН соопштение. Висок претставник на ОБСЕ кој врши мониторинг во источна Украина, соопшти дека безбедносната ситуација се влошила во последните неколку денови и ги обвини двете страни за ставање на цивили во ризик со позиционирање на воени сили во цивилни области.

XS
SM
MD
LG