Достапни линкови

Русија: член на Исламската држава убиен во Дегестан


Комитетот за антитероризам на Русија соопшти дека полицијата во немирниот регион Дегестан на Северен Кавказ убила милитант кој дал заклетва за радикалната група на Исламската држава. Од 1990 година Дегестан претрпе судири и напади од страна на исламските милитанти и постои силна загриженост дека ширењето на ИД во Ирак и Сирија ќе се прошири во муслиманскиот регион на Северен Кавказ, кој покрај Дегестан ја вклучува и Чеченија. Комитетот за антитероризам денеска соопшти дека милитантот Сулејман Заиналобинов бил убиен во текот на ноќта откако полицијата го запрела неговиот автомобил и тој отворил оган. Објавувањето за смртта на милитантот доаѓа еден ден откако властите соопштија дека студент на универзитетот во Москва бил задржан на турскаат граница со Сирија, за кој се сметало дека има цел да се приклучи на екстремистичката група.

XS
SM
MD
LG