Достапни линкови

Талибанците преземаа област во североисточен Авганистан


Авганистанските власти велат дека најмалку тројца припадници на безбедносните сили и осум талибански борци се убиени, откако областа Јамган во североисточниот дел на Авганистан беше преземена од страна на Талибанците кои денеска нападнаа безбедносни контролни пунктови.

Милитантите во текот на ноќта ја нападнале областа Јамган на провинцијата Бадакшан и пеземале поголем дел од неа, рече портпаролот на провинциската полиција, Лаал Мохамед Ахмадџаи.

Гувернерот на Бадакшан, Шах Валиула Адеб за авганистанскиот сервис на Радио Слободна Европа потрвди оти областа паднала под талибанските борци. „Странски бунтовници се меѓу загинатите“, вели тој додавајќи дека безбедносните сили се уште се борат да ја вратат контролата врз областа.

Друг провинциски владин функционер кои побарал анонимнсот, изјавил дека областа е под контрола на Талибанците и оти безбедносните сили си заминале. Талибанците исто така потврдија дека нивните борци го заробиле центарот на областа.

Авганистанските безбедносни сили сега се борат против бунтовниците без помош на меѓународните трупи, кои ја завршија нивната мисија минатата година. Во источната провинција Газни, најмалку седум цивили се убиени отакако нивното возило погодило нагазна мина во областа Анбар, рече денеска владин претставник. Во инцидентот на 5 јуни биле повредени 5 цивили.

XS
SM
MD
LG