Достапни линкови

logo-print

Повредени пет полицајци на геј парадата во Киев


Украинското министерство за внатрешни работи соопшти дека пет полицајци се повредени, од кои еден сериозно, кога членови на украинската екстремистичка организација „Десен сектор“ фрлале петарди кон учесниците на геј парадата на гордоста, која се одржува денеска во Киев. Полицијата соопшти дека пет лица се уапсени. Парадата на ЛГБТИ заедницата (лезбејќи, геј, бисексуалци и транссексуалци) броела околу 300 луѓе, кои биле чувани од околу 2000 полицајци. Пред почетокот на маршот, припадниците на организацијата „Десен сектор“ ги нарекоа геј луѓето „перверзни“ кои „треба да се лечат“ и ветија дека ќе го спречат овој собир. Годинешните геј паради често се нарушувани од страна на екстремистите и ултраконзервативците.

XS
SM
MD
LG