Достапни линкови

Камерон: не зборуваме доволно за корупцијата


Британскиот премиер Девид Камерон утре ќе им каже на лидерите на Г7 дека корупцискиот скандал со ФИФА нуди одлична можност за справување со поширокиот корупциски „канцер“ на глобално ниво. Претседателот на ФИФА Сеп Блатер на 2 јуни соопшти дека се повлекува од функцијата, откако властите на САД и Швајцарија спроведоа истраги за корупција во светското фудбалско управно тело и за многу од неговите високи функционери.

„Постои нешто како меѓународна табу тема за покажување со прст и изразување загриженост“, истакна Камерон.

„На меѓународните самити лидерите се среќаваат да зборуваат за помош, за економски раст и како да ја одржиме безбедноста на луѓето. Но, едноставно не зборуваме доволно за корупцијата. Ова мора да се промени! Ние мора да покажеме храброст, како на која што беше изложена ФИФА и која ја скрши таа табу тема“, рече Камерон.

Светската банка проценува дека секоја година за мито се плаќа повеќе од еден трилион долари, додека Светскиот економски форум соопшти дека корупцијата ја зголемува цената за водење бизнис во просек за 10 проценти.

XS
SM
MD
LG