Достапни линкови

Саудиска Арабија собори ракета лансирана од Јемен


Саудиска Арабија соопшти дека соборила ракета која утринава била лансирана кон кралството од страна на шиитските бунтовници во Јемен и нивните сојузници. Официјалната Саудиска новинска агенција објави дека проектил батеријата „Патриот“ соборила ракета „Скад“ во близина на југозападниот град Хамис Мушаид. Агенцијата не објави дали има жртви при нападот. Агенцијата за нападот ги обвини шиитските бунтовници поддржани од Иран, познати како Хути и нивните сојузници лојални на поранешниот претседател на Јемен, Али Абдула Салех. Саудиска Арабија ја предводи коалицијата која ги таргетира бунтовниците при воздушните напади кои започнаа на 26 март, во поддршка на протераниот претседател на Јемен, Абед Рабо Мансур Хади. Хутите започна да напредуват во септември минатата година во главниот град на Јемен, Сана, преземајќи владини министерства и други области. Обединетите нации соопштија дека при воздушните напади коишто ги предводи Саудиска Арабија се убиени повеќе од илјада цивили, а од средината на март раселени се повеќе од еден милон луѓе.

XS
SM
MD
LG