Достапни линкови

Талибанците нападнаа област во североисточен Авганистан


Авганистански официјални лица велат дека стотици талибански бунтовници започнале голем напад на област во провинцијата Бадакшан на североистокот од земјата. Заменик шефот на полицијата во Бадакшан, Сахи Дад Хаидари, вели дека нападот започнал рано денеска во планинската област Јамган, каде не се изградени патишта. Тој вели дека на полицијата и треба поддрша од воздух за да донесе засилувања. Портпаролот на шефот на полицијата во провинцијата Бадакшан, Лал Мохамед Ахмадџаи, вели дека бунтовниците се во близина на седиштето на областа и оти се уште се води интензивна битка. Портпролот на Талибанците, Забихула Муџахид ја презеде одговорноста за нападот. Нападот доаѓа во време на офанзивата на Талибанците, прва откако американските сили и НАТО ја завршија својата борбена мисија во земјата на крајот на минатата година.

XS
SM
MD
LG