Достапни линкови

Папата Франциско во посета на Сараево


Папата Франциско пристигна во Сараево на еднодневна посета со цел зацврстување и помирување меѓу српските, хрватските, и муслиманските заедници во Босна и Херцеговина. Патувањето доаѓа речиси 20 години по завршувањето на војната во 1995 година. За време на 10 часовната посета папата Франциско ќе богослужи на отворена миса за 65 илјади луѓе на Олимпискиот стадион. Тој ќе одржи средба и со претставници на католичката, православната, муслиманската и еврејската заедница. Повеќе од една третина од католичките Хрвати ја напуштија Босна по војната и земјата со популација од 3,8 милиони луѓе е поделена меѓу републиката на босанските Срби и хрватско – муслиманската федерација. За време на посетата на папата, безбедноста е на високо ниво со најмалку 5 илјади полицајци на должност. Се очекува папата Франциско да го видат најмалку 100 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG