Достапни линкови

„Протестирам“ стартува нови секојдневни протести


Неколку стотини луѓе денеска повторно се собраа на протести против Владата од која бараат оставка и одговорност. Тие протести ги започнаа на крстосницата пред македонската Влада извикувајќи „Нема правда, нема мир“, „Долу диктатурата“, „Николче диктаторче“.

„Излези Грујо право на тераса,

да ја видиш граѓанската маса,

креваме раце високо горе,

бараме оставка секој ден е протест.“

Преку насилството тие ги намирисаа потта и крвта на нашите тела по окната на нивниот замок, замокот во градот што го нарекувам Стирополис. Се сеќавате, откако со модри тела и души се обидовме да го нагрдиме тој замок не гонеа по улиците на Стирополис и на голите раце и торбите со книги се спротивставија со пендреци, со штитови и водени топови.

Со оваа песна граѓанското движење „Протестирам“ се врати на улиците барајќи оставки од Владата и кривично гонење на функционерите за кои има сомнеж дека сториле криминал и, како што велат, враќање на украденото. Демонстрантите велат дека бараат од политичарите суштинска промена на системот, а не козменичка промена на власт, и да не се дозволи формирање на преодна влада со, како што велат, криминалци во неа.

Движењето денеска одбележува еден месец од насилните протести во кои што беа приведени многу млади, а неколкумина добија условни и затворски казни.

Ние кога го имаме нашето легитимно барање оваа власта да си замине, не треба да оставиме ништо во рацете на некои европски бирократи или на политичките џинови, туку треба самите граѓани од улица да ја бараат одговорноста која треба да ја понесат политичките елити.

Неколку стотини луѓе со парола „Од 5-ти мај до крај“ тргнаа од пред Владата кон Министертвото за правда каде што скандираа „Оставка“, „Николче диктоторче“, “Долу дикататурата“, „Оди си“.

Потоа продолжија кон библиотеката „Браќа Миладиновци“ каде што пред еден месец полицијата упадна во читалната и уапси неколку студенти за кои тврдеше дека се дел од демонстрантите кои се судија со полицијата.

Еден од демонстрантите Андреј Јованчевски вели дека протестот го завршуваат пред библиотеката затоа што сакаат да ги потсетат граѓаните на полициската бруталност кон студентите пред еден месец.

Не смее да се случи само козметичка промена на власта, туку мора да има суштински промени кои што ќе ги санкционираат сите настанати проблеми.

„Преку насилството тие ги намирисаа потта и крвта на нашите тела по окната на нивниот замок, замокот во градот што го нарекувам Стирополис. Се сеќавате, откако со модри тела и души се обидовме да го нагрдиме тој замок не гонеа по улиците на Стирополис и на голите раце и торбите со книги се спротивставија со пендреци, со штитови и водени топови“, рече Јованчевски.

Дејан Лутовски од движењето „Протестирам“ вели дека протестот е пресуден за промената на една власт.

„Ние кога го имаме нашето легитимно барање оваа власта да си замине, не треба да оставиме ништо во рацете на некои европски бирократи или на политичките џинови, туку треба самите граѓани од улица да ја бараат одговорноста која треба да ја понесат политичките елити“, рече тој.

Главна цел е да се даде глас на граѓани и да се укаже дека општествената ситуација е народот против една корумпирана авторитарна врхушка на власт, вели активистот Анастас Вангели.

„Не смее да се случи само козметичка промена на власта, туку мора да има суштински промени кои што ќе ги санкционираат сите настанати проблеми“, рече Вангели.

Пред еден месец пред Владата стартуваа улични протести потикнати од објавените прислушувани разговори на опозицијата за кои таа тврди дека се водени меѓу владиниот врв за како да се заташка смртта на Мартин Нешкоски кој беше убиен вечерта на изборната прослава на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година. Демонстрациите прераснаа во судири со полицијата по кои дваесетина демонстрантите беа притворени, а подоцна и осудени за учество во толпа.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG