Достапни линкови

Хан до Заев-Партиите да го почитуваат договореното


Еврокомесарот Јоханес Хан

Еврокомесарот Јоханес Хан

Комесарот за проширување Јоханес Хан денеска телефонски разговарал со лидерот на СДСМ Зоран Заев, како што соопшти ЕК, за да го разјасни покренато прашање во врска со меѓупартискиот дијалог што го олеснува ЕУ, а по договорот постигнат во Скопје во вторникот на 2-ри јуни.

Комесарот потврди дека целосно и недвосмислено ја поддржува оценката на ОБСЕ/ОДИХР за претседателските и предвремените парламентарни избори во БЈР Македонија во 2014 година. Тој ги повтори забелешките на ОДИХР дека изборите беа ефикасно спроведени, но дека имало голем број сериозни проблеми, особено во однос на несоодветна поделба меѓу партиските и државните активности, обвинувањата за заплашување на гласачите и пристрасност на медиумите во корист на владејачките партии. Европската комисија, исто така, редовно изразува загриженост во врска со точноста на избирачките списоци. Сите овие прашања треба да бидат итно решени во согласност со препораките на ОБСЕ/ОДИХР и препораките на Венецијанската комисија, се наведува во соопштението.

ЕК потенцира дека во неколку наврати ја повторила потребата да се истражат потенцијалните злоупотреби кои произлегуваат од прислушуваните разговори, меѓу кои и тие за изборните измами. Комесарот ги повикува сите партиски лидери да ги почитуваат обврските преземени на 2 јуни за надминување на актуелната криза и да ги продолжи разговорите за да се најде брз и траен договор со кој мора да се реши легитимната загриженост во врска со владеењето на правото и да се врати довербата на јавноста во институциите на државата. На крајот во соопштението се порачува дека тоа е во интерес на сите граѓани на земјата.

XS
SM
MD
LG