Достапни линкови

Понта нема да поднесе оставка од функцијата


Романскиот премиер Виктор Понта

Романскиот премиер Виктор Понта

Романскиот премиер Виктор Понта денеска изјави дека нема да поднесе оставка од функцијата. Тој порача дека само Парламентот кој го избрал на позицијата може и да го отстрани од неа. Претходно романскиот претседател Клаус Јоханис го повика Понта да поднесе оставка, откако обвинителството отвори истрага против премиерот за корупција.

Националната антикорупциска дирекција соопшти дека Понта е осомничен за перење пари, конфликт на интерес, затајување данок и фалсификување. Според нив, Понта е осомничен дека добил 63 илјади евра од адвокатска компанија за фиктивна правна услуга меѓу 2007 и 2008 година. Парите премиерот, како што наведуваат од дирекцијата, ги искористил за да купи два луксузни стана во Букурешт.

XS
SM
MD
LG