Достапни линкови

Почина близок соработник на Садам Хусеин


Тарик Азиз

Тарик Азиз

Тарик Азиз, кој беше соработник на поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин, починал денеска на возраст од 79 години. Азиз беше близок советник на Хусеин, а од 1983 до 1991 ја извршува функцијата министер за надворешни работи и беше вицепремиер од 1979 до 2003 година.

Тој им се предаде на американските сили во 2003 година и според извештаите имал проблеми со здравјето во изминатите години додека беше затворен. Починал во болницата во ирачкиот град Насиријах. Азиз беше осуден на смртна казна за злосторства против човештвото во 2010 година, но ирачкиот претседател Џалал Талабани одби да даде наредба за негова егзекуција.

XS
SM
MD
LG