Достапни линкови

logo-print

ОБСЕ-Влошена безбедноста во источна Украина


ОБСЕ соопшти дека безбедносната ситуација во источна Украина се влошила во изминатите денови и двете спротиставени страни во конфликтот и натаму ги ставаат цивилите под ризик. Заемник шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ во Украина, Александар Хуг на итниот состанок за ситуацијата во земјата изјави дека насилството во и околу градот Марјинка претставува нов, загрижувачки развој на конфликтот. Според него, цивилите ја плаќаат неприфатливата цена во борбите. Тој нагласи дека има извештаи за загинати и повредени цивили, како и за уништени домови.

XS
SM
MD
LG