Достапни линкови

Путин и Ципрас разговарале за Турски тек


Рускиот претседател Владимир Путин и грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Рускиот претседател Владимир Путин и грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Рускиот претседател Владимир Путин и грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска телефонски разговарале за Турски тек, кој треба од Русија преку Турција да испорачува гас до Европа. Кремљ соопшти дека двајцата лидери се согласиле за две недели да се сретнат во Русија за време на бизнис конференцијата која ќе се одржи во Санкт Петерсбург од 18 до 20 јуни. Кремљ не соопшти детали околу разговорот за Турски поток, кој е алтернатива на претходниот проект Јужен тек.

XS
SM
MD
LG