Достапни линкови

Нападнати позиции на ИД во Сирија


Сириски воени авиони извршиле напад врз милитантите на Исламската држава кои се обидуваат да извршат напредок во офанзивата во североисточниот град Хасака. Сириската организација за човекови права соопшти дека имало судири меѓу милитантите и сириската војска поддржана од милицијата на периферијата на градот. Милитантите на почетокот на неделата започнаа голема офанзива чија цел се позициите на властите во Хасака. Одредени делови од градот се под контрола на власта, а други се раководени од курдската администрација и милиција.

XS
SM
MD
LG