Достапни линкови

Ослободени 8 осомничени за нападот на Малала


Малала Јусафзаи

Малала Јусафзаи

Пакистанските власти соопштија дека осум од десетмината мажи кои беа затворени за обид за убиство на активистката Малала Јусафзаи биле ослободени. Во април тие беа осудени на доживотен затвор. Портпаролот на пакистанската мисија во Лондон, Мунер Ахмед изјави дека тие биле ослободени поради недостиг на докази.

Малала, која го преживеа вооружениот напад кога беше погодена во главата, продолжи да се бори за правото на образование сите деца. Малала, која сега има 17 години, во минатата година ја доби Нобеловата награда за мир.

XS
SM
MD
LG