Достапни линкови

Ахмети до Хан-Ќе го спроведеме договореното


Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети му упати писмо на еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан. Во писмото Ахмети ја поздравува силната посветеност и инсистирање на Хан за постигнување заеднички компромис и тоа што Европската Унија ќе прифати договор постигнат со согласност на четирите најголеми парламентарни партии. Во писмото се наведува и дека придонесот на амбасадорите на ЕУ и САД во Македонија е добредојден и ценет.

Ахмети нагласува дека би сакал да ја реафирмира цврстата определба за спроведување на договорот постигнат на 2 јуни во Скопје и да продолжи со конструктивниот придонес на сите нивоа за да се реши политичката криза, како и да се отвори патот на суштинските реформи во корист на сите граѓани и на државата. Во писмото Ахмети ја изразува и својата убеденост дека четирите политички лидери треба да вложат дополнителни напори за промовирање на договорот и да се посветат на неговиот успех.

XS
SM
MD
LG