Достапни линкови

ИД го намали водостојот на Еуфрат во Ирак


Милитантите на Исламската држава затвориле делови од браната на реката Еуфрат во близина на ирачкиот град Рамади, со што е намален текот на водата во областите кои се под контрола на владините сили. Освен немањето доволно вода за пиење кое ќе се одрази врз акциите на ирачките војници, во опасност се и посевите во тој дел на земјата. Милитантите на Исламската држава често пати водата ја користат како оружје. Последен пат тоа беше во близина на градот Фалуџа во провинцијата Анбар.

XS
SM
MD
LG