Достапни линкови

Вучиќ вети правда за убиството на тројца браќа од САД


Српскиот премиер Александар Вучиќ

Српскиот премиер Александар Вучиќ

Српскиот премиер Александар Вучиќ вети дека ќе биде спроведена правдата во случајот со тројцата американски граѓани чии тела биле пронајдени во масовна гробница во источна Србија во 2001 година. Претходно тие заминале за Косово за да се борат на страната на албанските бунтовници. Станува збор за браќата Или, Мехмет и Аргон Битиќи, а нивниот случај останува клучна точка во американско српските врски во момент кога Белград се надева на поголема интеграција со Западот. Браќата биле уапсени на административната граница во Србија во јуни 1999 година, две недели откако заврши војната на Косово. Досега никој не е обвинет за нивното убиство.

XS
SM
MD
LG