Достапни линкови

logo-print

Грција доби од ММФ одлагање на плаќањето на долгот


Грчката влада побара и доби од Меѓународниот монетарен фонд одлагање на исплатата на долгот спрема таа организација. Тој наместо да биде исплатен во четири рати, ќе биде вратен одеднаш кон крајот на месецов. Грција денеска требаше да го исплати првиот дел од долгот, додека преостанатите три до 19 јуни. Атина на странските доверители, главно на Европската централна банка треба од јуни до август годинава да им врати 11 милијарди евра. Грција преговара со доверителите за исплата на последната транша од порано ветената финансиска помош. За возврат Грција ќе мора да спроведе реформи во пензискиот систем и да ги зголеми даноците.

XS
SM
MD
LG