Достапни линкови

logo-print

Придобивка е да се знае јазикот на „другиот“


Познавањето на друг јазик не значи дека еден народ е покорен од друг народ, вели Рубин Земон, етнолог и експерт за интеретнички прашања

Изучувањето на албанскиот јазик и на кој било друг јазик би било придонес во развојот на мултикултурно општество, оценуваат претставници на граѓанскиот сектор.

Познавањето на јазикот е познавање на друга култура. За жал кај нас испаѓа дека познавањето на друг јазик е дека еден народ е покорен од друг народ.

Рубин Земон, етнолог и експерт за интеретнички прашања вели дека учењето на еден јазик е уште една културна вредност на секој поединец. Со поголемо разбирање, ќе има и поразвиен интер-културен дијалог, а со тоа и поголемо приближување на припадниците на двата народа, вели Земон.

Илустрација - Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.

Илустрација - Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.

„Познавањето на јазикот е познавање на друга култура. За жал кај нас испаѓа дека познавањето на друг јазик е дека еден народ е покорен од друг народ. Изучувањето на албанскиот јазик би било факултативен, а не од задолжителен аспект, така да за секој поединец кој мисли дека треба да се интегрира во општеството треба да ги познава јазиците и на сите заедници. И од уставните измени кои произлегуваат со Рамковниот договор, албанскиот јазик е веќе службен јазик во Македонија“, вели Земон.

Сметам дека е добро за соживотот, за јазикот, за дијалогот да ги разбираме јазиците.

Очигледно е дека 14 години после донесувањето на Рамковниот договор се уште има предрасуди околу тоа прашање вели Земон.

„Во Швајцарија, никој на пример, нема против што еден Швајцарец го зборува и германскиот јазик. Зошто би било проблем Македонците во Западна Македонија да го учат албанскиот јазик, меѓутоа зошто, пак, и Албанците да не го учат македонскиот јазик“, вели Земон.

Изучувањето на албанскиот јазик повторно се актуализира по изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за косовската телевизија РТК во која тој говори за албанскиот во градинките, основните и средните училишта во Македонија.

„Мислам дека е важно во мултиетнички средини граѓаните да си ги знаат јазиците. Тоа е уште една културна придобивка за секој поединец. Сметам дека е добро да е застапен албанскиот јазик за македонските ученици во училиштата на некое факултативно ниво, не мора да е задолжително. Има многу родители, има многу деца кои сакаат да ги знаат јазиците на сограѓаните. Сметам дека е добро за соживотот, за јазикот, за дијалогот да ги разбираме јазиците. Сметам дека и албанската заедница во една таква атмосфера ќе биде повеќе мотивирана да го владее и да го зборува македонскиот јазик“, рече Христина Тодоровска Петреска од Иницијативата за независен културен активизам Струга.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG