Достапни линкови

logo-print

Бесими имал искрен разговор со Коѕиас


Вицепремиерот за европски интеграции Фатмир Бесими

Вицепремиерот за европски интеграции Фатмир Бесими

Вицепремиерот за европски интеграции Фатмир Бесими по денешната средба во Атина со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас изјави дека тие имале отворена и искрена дискусија. За отворените прашања меѓу двете земји, како што наведе Бесими се согласиле дека може да бидат решени. Тој информира дека е разговарано за предлозите за мерките за градење доверба и решавање на прашањето за името. Бесими порача и дека идеите се добредојдени, како и иницијативата Коѕиас да ја посети Македонија.

Според него, на денешната средба повторено е и дека проширувањето на ЕУ со Западен Балкан е нешто што се очекува да донесе одржлив мир и стабилност во регионот. Во однос на политичката ситуација во Македонија, Бесими наведе дека сега е поголем оптимист и оти договорот меѓу политичките партии ќе придонесе не само за политичката стабилност, туку и за побрзо имплементирање на агендата за реформи, што ќе има и позитивен одраз врз евроатлантски процес на Македонија. На крајот од месецов, како што најави тој и Коѕиас ќе го посети Скопје.

XS
SM
MD
LG