Достапни линкови

ОН бараат помош за Ирак


ОН денеска упатија апел за собирање на половина милијарда долари меѓународна помош за решавање на хуманитарната криза во Ирак. Хуманитарниот координатор за Ирак на ОН, Лиса Гранде го упати апелот во Брисел изјавувајќи дека повеќе од 50 проценти од операциите ќе бидат прекинати или намалени доколку парите не бидат веднаш собрани.

Парите ќе бидат наменети за обезбедување на засолниште, храна и вода во наредните шест месеци за 5,6 милиони луѓе кои се раселени во Ирак поради офанзивата на милитантите на Исламската држава во земјата.

XS
SM
MD
LG