Достапни линкови

„Протестирам“ повторно на улица


Граѓанските активисти Артан Садику, Дејан Лутовски и Здравко Савески.

Граѓанските активисти Артан Садику, Дејан Лутовски и Здравко Савески.

Граѓанското движење „Протестирам“, е против насилството на власта, неправдата, против злоупотребите, режимот. Пред еден месец пред Владата стартуваа улични протести за Мартин Нешкоски, кои потоа прераснаа во антивладини протести.

Граѓанското движење „ Протестирам“ најави дека од утре се враќа на улиците со масовни демонстрации. Од таму велат дека излегуваат за гласно да потсетат на насилството на власта, неправдата, против злоупотребите, против режимот. Тие сметаат дека кризата во Македонија не е прашање на меѓупартиски конфликт, туку на сенародно незадоволство од владеењето на криминалната клика и корумпираниот политички систем, што значи дека политичка и правна одговорност мора да има, но мора да има и коренити промени на системот.

Целта е да тргнеме од веќе ослободени територии кон други територии, симболично исто ќе застанеме пред Библиоотеката каде на 5-ти Мај беа неправедно нападнати студенти кои читаа во читалната, а тој случај се уште е нерасчистен.

За такво нешто да се постигне потребно е да им се забрани пристап до јавните функции на сите за кои постои сомнеж дека злоупотребувале функција во своја корист, а против интересите на граѓаните. Оваа е пораката која „протестирам“ сака да ја испрати до граѓаните, но и до европските претставници кои зад затворени врати во Брисел и Стразбур договараат решение за излез од политичката криза.

Артан Садику како дел од движењето, вели дека тој процес не смее да биде само договор на политички партии, туку мора да биде транспарентен во кој граѓаните ќе имаат пристап до него и за да добијат чувство дека нивниот глас е слушнат и се додека тоа не се случи нема да престанат да протестираат. Садику посочи дека граѓанскиот протест утре симболично ќе почне од таканаречените ослободени зони.

„Целта е да тргнеме од веќе ослободени територии кон други територии, симболично исто ќе застанеме пред Библиоотеката каде на 5-ти Мај беа неправедно нападнати студенти кои читаа во читалната, а тој случај се уште е нерасчистен.“

Ние не можеме да веруваме Сите институции во Македонија се доведени до точка да го спроведуваат законот само ако извршаната власт им нареди да го направат тоа.

Во однос на судските процеси за уапсените демонстранти, како и за случувањата во библиотеката „ Браќа Миладиновци“ вечерата по протестите на 5-ти Мај кога полицијата влезе во читалната и уапси неколку млади луѓе за кои тврдеше дека се дел од демонстрантите, Здравко Савески вели дека досега не поднеле претставка до институциите поради недостатокот на довербата во истите.

„Ние не можеме да веруваме дека ако поднесеме барање до Внатрешна контрола или на кој било друг орган дека тој орган, независно и објективо ќе процени каква е ситуацијата, сите институции во Македонија се доведени до точка да го спроведуваат законот само ако извршаната власт им нареди да го направат тоа.“

Садику додава дека процесот против демонстрантите кој е одвиваше во судот е едностран и се сомневаат дека постапката не е водена правично, па во иднина кога ќе се демократизираат институциите ќе бараат ревизија на случајот.

Пред еден месец пред Владата стартуваа улични протести потикнати од објавените прислушувани разговори на опозицијата за кои таа тврди дека се водени меѓу владиниот врв за како да се заташка смртта на Мартин Нешкоски кој беше убиен на вечерта на изборната прослава на ВМРО-ДПМНЕ 2011 година. Демонстрациите прераснаа во судири со полицијата по кои дваесетина демонстрантите беа притворени а подоцна и осудени за учество во толпа. Според обвинението, демонстрантите беа осудени поради физичко спротивставување на службени лица во рамки на толпа со фрлање камења и шишиња кон полицајците. Поголемиот дел од нив беа осудени на условни казни во траење од три месеци, доколку во рок од една година не сторат друго кривично дело,дел од нив платија и парични казни, додека вујкото на Мартин Нешкоски, Горан Митановски, беше осуден на казна затвор во траење од 10 месеци. Само двајца демонстранти не признаа вина и за нив е одвоена постапката и утре ќе се оддржи посебно рочиште.

Пред неколку дена група активисти на „#Протестирам“, симболично го блокираа делот за полетувања на аеродромот „Александар Велики“ со „потерници“ во раце, истакнаа дека во вакуумот креиран од политичките преговори, поранешниот министе за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков се слободни да ја напуштат земјата и јурисдикцијата на Репубика Македонија.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG