Достапни линкови

Времето денеска: сончево со умерена облачност


Во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен североисточен ветер. Поинтензивни поројни врнежи од дожд со грмежи ќе има во вечерните часови. Минималната температура ќе биде од 7 до 15, а дневната од 25 до 32 степена. Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура до 12, а дневната ќе достигне до 31 степен.

XS
SM
MD
LG